10 јунТвоите очи

Понекогаш мислам на тебе

И немам потреба да

Се измачувам себе

Имам очи кои

Немаат сон

И имам боја на коса

Како притраено засолниште

А во рацете држам

Драма

Со пет чина

Со еден збор одлична

Како свештеник

Од средниот век

Загледан во сонцето

Која пак од под оделото

Шепоти слушајќи ја

Класиката на Зеркон

Која и одговара во касот

А мене ме одмара

Во попладневните часови

Ушите ми

Добиваат форма на школки

А јазикот мириса

На морски плодови

И секое вдишување

Нова голтка рум

Како капка во устата

И мирисот на зебрата

И оној на морнарот

Потоа како да имаат сличен вкус

И солзата на птицита

Меѓу капките дожт

И чувството на жега

Со песоклива горчина

Го притискаат срцето

Како ти моето

Кое трепери наспроти

Твоите очи.

26 мајСеедно

Како црно вино испиено

Како една младост

Зад завесата

На дното од шишето

Остана болка

Да тлее пригушено

И  витлее од талогот

Како чад од пепел

Како  сите потентни мисли

Кои кружат

Како темен облак

Забоден на врвот:

На вечното сонце.

Од белите карпи,

Одозгора,

Сварено

Во слатки очи

Со поглед на шира

Кои опиваат

Во црнило

Како грутки јаглен

Оставени на дожд.

26 апрСам

Постои ” Непостои”

Туку непостои време за кое

Би се пронашло

И место каде што се наоѓа

Бидејќи и времето

И местото непостојат

Како и “непостои”

Всушност постојат

Но во непостоењето

Но еве јас постојам

И знам за многу места

Длабоко во мене

Кои исто така постојат

А незнам за оние кои непостојат

Но за нив има време

И има место сеуште

Замене и ти сеуште непостоиш

Иако со тебе

Го поминувам

Најубавото време

На најубавите места

Постои нешто чудно во тоа

Што сеуште непостоиш

А јас проклето неможам

Да прекинам да се исчудувам

Па сега веќе ми е појасно

И од прилика знам, зошто

За мене време не постои

И место не постои

Туку сум пуст фантазер

Заедно со она што непостои

Односно без тебе

Сам.

21 апрГг

Ти ја обвиваш сета пристојност

Низ неколку мали но успешни

Знаци кои се сплетени

Како пуловер за одоздола

По прошетките околу

Нашите светови

Во кои секој секому седи

одстрана

Како доберман кој е разгален

И обожува да јаде риба

А круната означува

Точно време

Како часовник кој не застанува

Ниту се навива

Туку тече како

Непресушна река

полна со живот

Во која се мијат

Сите оние драги талкачи

Извалкани

И полни со себе

Кои внимаваат

Да не небидат внимателни

Додека пееат размавтани

Прашувајќи за времето

Кое ти можеш да го видиш

Само на огледало

И не ги разбираш плановите на останатите

Бидејќи си навикната на твојот

Лик кој секогаш се прашува

Ах, и јас со две риби под мишки

Се прашувам дали ти сепак

Сеуште ќе се прашуваш

Гледајќи директно во тебе

19 апрСилно.

Силно

Како со чекан врз шајка

Жешко како со пегла врз пантолони

Отсечен како дете по долго исчекување

Исправен како морнар кој зачекорува копно

Илјада бакнежи ти пратив

Некои го најдоа својот пат

Некои пак баш беа интересни

А мене пак

Устата ми се залепи за твојот грб

Мајсторот во мене се збуни

А морнарот се наежи.

А јас,  јас бев тука присатен и свесен

И продолжив како..

Како некој кој ја работи таа работа

Од утро до вечер

14 апрне онака

Јас решив дека не е така

И ти исто така

Па сега немаме мака

Ниту мене таа ме сака

Ниту јас мислам за неа така

Ова е другарски подадена рака

За да небиде веќе онака

08 апрТи

Заронив со главата

Во изворот на идеите

Се освежив од жегата

Во бистрата и ладна вода

Си ја измив душата

Додека одзади сонцето

На срцето порака ми напиша

Онаа која ти си ја замислила

Додека си плачела под месечината

Ги стиснав забите

И стегнав обувките

Погледнав во облаците

Си реков и денот и ноќта се премалку

И сите птици

Неможат толку да прелетаат

Колку што можам јас

Да бидам со тебе.

03 апрПријателска

Ех пријателе мој стар

Застани на свои нозе пак

Сјајот во очи да ти светне

Да се видам во тебе и јас

Сети се на сите беспатија

Реши ги и застани со тврд став

Кој ќе биде почеток

И столб

Пред кој се ронат  заби

На оние кои џавкаат и квакаат

Застани силно

Наспроти ветерот

И свирија наизуст песната на животот

Биди и остани цврст каков што си

Зошто и јас сакам во твоите

Задоволства да уживам

Ако треба и заедно

Ќе го научиме ветрот да ја свири

Нашата песна.

06 марЗеми ја

Земија како

утринска роса

На дланка

Од која пие

Гулаб

Земија како

Парче месо

Во устата на

Стара бабушка

Земија како

Штрк бебе

И пролетај ја

По облаците

Земија одоздола нагоре

И обратно

Земија со душата како

Што таа тебе те сака.

Со посвета.

Х.Ц.

20 февСи реков

Перфектна линија

Се протега

По хоризонтот

Додека сите се будни

И никој не спие

Гладајќи во

Очите на нејзините

Заблуди

Поубави од било што

Што постои

Во близината

И далечината

А сонцето како топла топка

Која грее одозгора

Свтка по косата

Ох си реков

Заборавив навистина

И што битно….